ЗЕМЈОДЕЛСТВО

,,Функционална анализа за поефикасни институции во аграрот“

22.10.2019 21:18

Проектот на Светска банка што финансиски го поддржа Европската унија , за изготвување функционална анализа ќе овозможи зајакнување и подобрување на ефективноста и ефикасноста на секторите во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Пренесувањето најдобри европски практики ќе  овозможи навремено давање   квалитетни услуги на земјоделците и на сите граѓани ,нагласи министерот за земјоделство Трајан Димковски.

Двтон  Трајан Димковски-министер за земјоделствбо,шумарство и водостопанство

Земјоделството и руралниот развој се многу битни не само поради учеството во БДП туку и поради  задржување на младите  во руралните средини.,велат од делегацијата на ЕУ во земјава.

Двтон Никола Бертолини –раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје

Превод:

,,Земјоделството и руралниот развој се многу важни за Унијата, но и тука во земјава.Не само поради големината на уделот  и важноста што ја имаат во креирањето на БДП, туку и за да се задржат луѓето во руралните средини.Работиме за да се подобри вработеноста во руралните средини,да се задржат младите луѓе и да се намали нивната миграција од тие региони .“

Промените се секогаш важни, велат од Светска банка,особено кога целта е  да се пренесат  најдобрите практики од другите земји  за да се  подобрат  капацитетите на институциите во аграрот.

Свето Николовски