ЧЕСТИТ ПРАЗНИК
Ден на македонската револуционерна борба
23.10.2019 10:27
Честит празник , денеска е 23 октомври –ден на македонската револуционерна борба. Изминаа 126 години од формирањето на македонскиот револуционерен комитет во Солун.

Од него подоцна произлезе внатрешно македонската револуционерна организација што се бореше за ослободување на земјава без помош однадвор,со сопствени сили.
По тој повод владина и собраниска делегација ќе положат цвеќе пред споменикот на гоце делчев, во градскиот парк во Скопје. Според законот за празници, 23 октомври е прогласен за државен празник и е неработен ден за сите граѓани.
