ФАДН

Прибирање податоци од земјоделските стопанства

24.10.2019 10:32

Националната мрежа за прибирање на сметковотствени податоци од земјоделските стопанства се надоградува.

Средства за овој проект  беа обезбедени од Европската Унија, а податоците кои се добиваат од фармерите се обработуваат и се користат за креирањето на земјоделската политика.

Прецизни податоци за рентабилноста на фармите, производствените трошоци и остварените приходи, се дел од националната мрежа за прибирање сметководствени податоци од земјоделските стопанства, таканаречената ФАДН.

Проектот за Прибирањето на податоците, беше финансиран со средства од европските предпристапни фондови и почна во 2010 година со репрезентативен примерок од 300.000 земјоделски стопанства.

Тој број сега е зголемен на 700.000, а фармите се класифицирани по економска големина и по типот на производството.

ФАДН или националната сметководствена мрежа е единствената  база за економско-финансиски податоци од земјоделските стопанства во земјава.

Нејзиниото функционирање ќе се надоградува со можност за креирање ефикасни земјоделски политики, следење на трендовите и промените во аграрниот сектор за поголеми приходи  и поголем профит на земјоделците.
На неодамнешната национална конференција за ФАДН беа  презентирани резултатите и досегашното работење и ефикасноста на системот.