Откажа првото пресадено вештачко срце-пациентот почина

04.03.2014 11:41

Почина 76 годишниот пациент на кого му беше пресадено првото вештачко автономно срце од типот Кармат-соопштија од Европската болница Жорж Помпиду од Париз

Причините за смртта ќе се соопштат по продлабочената анализа со преглед на снимените медицински и технички податоци-велат од таму. Операцијата беше направена на 18 декември минатата година. Од компанијата Кармат што го патентираше првото вештачко срце велат дека е тешко да се донесе заклучок само од искуство со еден пациент, но, ја поздрави храброста и пионерската улога на пациентот и на семејството. Лекарските соопштенија од пред еден месец биле дека состојбата на пациентот била ,,задоволувачка“, по хируршката интервенција напредувањето било долго и тешко, но очекувано со оглед на возраста на патологијата на пациентот.

Според проценките од оваа технологија на Кармат во Европа и Северна Америка имаат потреба околу 100.000 до 120.000 потенцијални пациенти, односно пазар проценет на околу 16 милијарди евра.

Цената на едно вештачко срце според аналитичарите изнесува меѓу 140000 и 180000 евра, додека една класична трансплатација во Франција чини 250 000 евра и речиси еден милион долари во САД, според бројките дадени од Кармат.

Соња Стојановска