ИЗЛОЖБА

„ТАА Е..“ Изложба на фотографии на Јулијана Зафирова

24.10.2019 14:52

Во сабота (26.10.2019) во Бифе Тафталиџе ќе се престави прватата самостојна изложба на фотографии на Јулијана Зафирова - „ТАА Е...“

На изложбата ќе бидат поставени  30 тематски фотографии, а ќе има и дигитална проекција од целокупното творештво на Јулијана.
Јулијана Зафирова е дипломиран професор по македонска книжевност. Фотографијата е нејзината вистинска и одамнешна љубов и пасија, а својот уметнички израз го пронаоѓа во портретната фотографија за која вели дека секоја портрет фотографија е една приказна, своја и единствена сама по себе. Има работено на неколку фотографски проекти меѓу кои: насловната фотографија на култната енциклопедија ,,Македонска дискографија винили 1958-2019“ од Тошо Филиповски (2019), фотографии за музички бендови, албум кавери итн..
Земала учество на повеќе групни фотографски изложби како што се: ,,Baroque Plus“ (2015, Concept 37), и ,,Кожа“ (2016, Public Room), во организација на школата за уметности ,,Џолев и уметностите“, хуманитарната изложба ,,Донирај уметност“ (2018, КИЦ салон 1919). Добитник е на бронзен ФСМ медал за поединечна фотографија на Денови на македонска фотографија (2018).

***

„Taa е секоја од нас...онаа која сака да се разголи бесрамно, онаа која се крие срамежливо, онаа која зборува преку погледот. Таа буди желба да ја заштитиш, некогаш да ја задавиш...да ја љубиш и обљубиш. Но, никогаш да не останеш рамнодушен. А секоја Таа си ТИ, секоја ТАА сум ЈАС.“ - Ана Бунтеска, поетеса.