Ровери, живеалишта на други планети и ракети
„Nasa Kids Space Challenge 2019“

Во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелератор, се одржа 5-от натпревар за деца од 8 до 14 години „NASA Kids Space Challenge 2019“, како дел од првата Space Tech Convention, во РСМ. За време на натпреварот децата работеа на претходно зададени предизвици, односно креираа всленски летала, креираа ровери што истражуваат други планети и изработуваа живеалишта на други планети.
Победија 3 тима од 15-те кои беа дел од натпреварот. Победниците Миа, Јаков и Бодан од „НОВА“ и „ЕФИС“ го изработија победничкиот ровер. Мелина , Софија и Ела од меѓународното училиште „НОВА“ изработија креативно решение за тоа како би изгледала идната населба на Марс. А Леон, Ведран и Леонид од основните училишта „Коле Неделковски“ и „Ацо Шопов“ работеа на дизајн на ракета и направија демонстрација на слетување со падобран
На натпреварот учество земаа деца од повеќе основни училишта од Скопје, Тетово и Кочани.
Целта на овој натпревар беше да се поттикне интересот кај децата за СТЕМ областите, аеронаутиката и дизајн на продукт, љубопитноста за проучување и истражување на вселената, како и нивниот интерес за решавање на предизвиците со кои се соочува човекот при планирање на вселенските мисии.
Натпреварот се одржуваше во просториите на меѓународното училиште НОВА во Скопје.
Анита Никушева- Јованчев
