ИЗЛОЖБА

Предавање како дел од изложбата „Трета страна на стварноста“, курирана од Ивана Васева

24.10.2019 15:50

Би сакал да го споделам моето искуство со три исклучителни уметници и експерти: Ан Тунг, Јона Фридман и Нина Крушчева.

Ова предавање ќе биде за политиката на моќта која вклучува род, раса и иновација. Ние сме во време на екстремна геополитика која влијае на многу луѓе. „Речиси архитектура“ алудира на таа тема, која не е само за изграден простор. Таа е за луѓе кои често искусуваат невидливи сили или не ги прават видливи за визијата на секој/а. Имајќи ја тезата на ум дека не можеме да седиме во удобни столчиња и размислуваме за кризата, што да правиме?
Токму затоа овие три визионери може да послужат како појдовна позиција за отворена дискусија. „Речиси архитектура“ посочува на фактот дека прво треба да се фокусираме на луѓето, понекогаш на нивните кучиња, мачки или други домашни животни. Прави разлика ако размислуваме за архитектура која е речиси тука.
Она што Скопје не учи се нивоата кои може да ги има едно многубројно општество и да има исто толку слични многубројни потреби за простор и територија. Идејата „Речиси архитектура“ е да се сфати и разбере оваа потреба. И сето она што треба да го направиме е да бидеме ангажирани. Не само она што е потребно денес, што е навистина најважно, но имајќи и заедничка визија за иднината.
Како дополнителен факт, зборував со легендарниот Фирчи, тапанар и музичар од Нови Сад. Разговорот беше за мојата визија за Нови Сад во 2050 година. Тој рече дека не е заинтересиран, бидејќи рече дека до тогаш нема да биде жив. Но, не сме сигурни. Ваквите легенди може да живеат вечно. Што значи сево ова за архитектурата и изградбата на градовите? Мојата спекулација е дека градењето град, каде што секој/а успева да биде, е за прогресот, а не за перфекцијата. И токму за тоа е „Речиси архитектура“. Дека нема одложено ветување за иднината кое е ефективно. Но, има визии кои никој не може да ги оспори.
Срѓан Јовановиќ Вајс е архитект и урбанист кој живее и работи во Њујорк. Тој е моментално визитинг професор на Харвард Дипломската школа за дизајн и на Градскиот колеџ во Њујорк Спитцер школата за архитектура. Вајс е основач на Normal Architecture Office, NAO.NYC и бил главен на истражување кај Herzog & de Meuron Архитекти во Базел. Тој е коосновач на School of Missing Studies. Тој е автор на книгите: Almost Architecture, Socialist Architecture: The Vanishing Act, Socialist Architecture: The Reappearing Act и е автор во Harvard Guide to Shopping, уредена од Рем Колхас и др. Страста на Вајс е да работи со уметнички визионери како Јона Фридман, Ан Тунг, Џени Холцер и низа на современи уметници и куратори. Над сè, тој сака да се поврзува со луѓе од секојдневието, инсталери, градители и било кој друг/а во процесот на правење на нешта да се случат in situ. Вајс предавал и изложувал насекаде по светот.
Изложбата „Трета страна на стварноста и предавањето „Речиси архитектура“ се поддржани од Министерство за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје, Фондација Фридрих Еберт Скопје и организацијата „Факултет за работи што не се учат (ФР~У)“. Фотографија: Армин Линке