СКОМРАХИ

Скомрахи 2019

24.10.2019 15:52

Со идеја да ја поместат вашата инерција во општото сивило на градот, се најавуваме интернационалните студентски средби „Скомрахи 2019“ или фестивалот за студентски филм, театар и културен контраст на секојдневието.

Од 1 до 5 ноември на Факултетот за драмски уметности – Скопје пред публиката ќе се претстават студентите од aкадемиите и факултетите за драмски уметности од регионот.

Оваа година се осврнуваме на врската помеѓу објективната и драмската реалност со цел да ви докажеме дека уметноста може да ја измести реалноста на подобро. Инспирирани од рубиковата коцка која најчесто симболизира симетрија, ред кој доаѓа од хаотичен и за секого различен пат кон стигнување на решението. Налик, нашиот процес на создавање претстава или филм.

Изместувањето на реалноста ќе започне со прославата за 50-от јубилеј на Факултетот за драмски уметности, а во тоа ќе ви помогнат студентите од сите претходни генерации кои биле дел од овој факултет.