РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА

,, Регулаторна ја намали цената за приклучок на мрежа за 26%“

24.10.2019 17:49

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги даде виза на новите Мрежни правила за дистрибуција на електрична енерегија со што се врши намалување на цените за неколку видови услуги на ЕВН што ги дава на потрошувачите.

Цената за стандарден приклучок на дистрибутивната мрежа  се намалува за  26% ,односно од досегашните 500 евра на 370 . Истовремено, најголем број домаќинства ќе влезат  во категоријата на стандарден приклучок на мрежа, каде што досега се наплаќаа до 2000 евра за објекти кои не ги опфаќа Детален урбалистички план. Се намалува и цената за повторно приклучување на мрежа.

Марко Бислимоски –претседател на Регулаторна комисија за енергетика

,, Драстично намалување за 75% на трошокот за повторно приклучување.Имено тој трошок досега изнесуваше 1740 денари ,сега ќе изнесува 440 денари .“

На овој начин им се излегува во пресрет на најранливите категории на потрошувачи што имаат проблем со редовното плаќање на сметките за потрошена електрична енергија, појасни Бислимоски. За 60% се намалува и цената за одвојување на мерно место.

Марко Бислимоски –претседател на Регулаторна комисија за енергетика

,,Кај домаќинствата кај кои што ќе се врши одвојување на мерно место и досега ЕВН наплаќаше по 500 евра ,имајќи третман на стандарден приклучок, со новиот ценовник ,овој трошок нема да има третман на стандарден приклучок и цена од 370 евра туку ќе изнесува 200 евра.“

Исто така, и цената за промена од  монофазен во трофазен приклучок се намалува за 60% .Од Регулаторна потсетуваат  дека и цената за приклучок  на стан на дистрибутивната  мрежа  се намалува од 500 на 370 евра и за тој износ ќе треба  да биде намалена вредноста на станот што ја плаќаат граѓаните. Новите цени ќе се применуваат од средината на идната недела, најави  Бислимоски . Тој појасни дека според постапката за барањето на ГЕС за издавање лиценца Регулаторна ги информирала  ПУИГ и Бег и од нив  е побарано да се произнесат за барањето .

Свето Николовски