МИМО проект
Идејата за акцијата произлезе од учениците на училиштето-домаќин, што на почетокот на учебната година ги идентификуваа проблемите во училиштето што ги имаат како млади личности.

30 ученици заедно со нивните наставници од ООУ „Димитар Македонски“, Скопје и партнерското училиште „Раметула Амети“, с. Чифлик, Општина Желино, организираа волонтерска акција за уредување на дел од оградата на училиштето „Димитар Македонски“. Инаку ООУ„Димитар Македонски“ е организатор и домаќин на оваа акција, со поддршка од Проектот на УСАИД МИМО. МИМО е проект за меѓуетничка интеграција на младите во образованието со поддршка на УСАИД во кој се вклучени сите основни и средни училишта од Р.С. Македонија. Целта на проектот е да се подобри меѓуетничката интеграција преку позитивни интеракции помеѓу етнички мешана младина, на ниво на училиштата и на ниво на заедницата, и подобрување на содржините по граѓанско образование, вештини и однесувања и пракси на волонтирање кај младите.
Идејата за акцијата произлезе од учениците на училиштето-домаќин, што на почетокот на учебната година ги идентификуваа проблемите во училиштето што ги имаат како млади личности. Како предизвик за којшто и самите изразија желба да помогнат да се надмине, послужи оградата на училишниот двор, којашто требаше да се пребои и да се освежи
Акцијата беше реализирана на радост и задоволство на учениците и на наставниците од двете училишта. Во сончевиот есенски ден со голем ентузијазам другаруваа и ја разубавија оградата, чијшто сегашен изглед ќе остане да ги потсетува на овој ден.
Подготви
Радмила Гиевска
