ПАРИ

Нови 15 милиони евра за земјоделците

25.10.2019 10:34

Со ребалнасот на буџетот земјоделците добија скоро 15 милиони евра, нови, дополнителни средства.

Парите се потребни за исплата на субвенциите на неколку земјоделски производи, меѓу кои и за млекото и за оризот.

Недостигот на финансиски средства за исплата на субвенциите се надополни со ребалансот на буџетот со нови 915 милиони денари.

За исплата на субвенциите за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот од јануари до април 2018 година, се обезбедени 180 милиони, а  50 милиони денари за производителите на оризова арпа.

За сите земјоделци се предвидени и скоро 290 милиони денари за исплата на заостанатите долгови за директна поддршака од претходните години,.

Во градинарството за предадениот зеленчук  во преработувачки капацитети до 25 декември 2018, се обезбедени 157 милиони денари .

Со ребалансот на буџетот ќе се исплатат и 40 милиони денари субвенции за откупената пченица од ланската реколта ,а овоштарите добија дополнителни  160 милиони денари за родот од 2018 година.

Со овие последни измени, вкупниот буџетот за земјоделство за оваа година е зголемен и ќе изнесува 7 милијарди денари.