Е-ТРГОВИЈА

Раст на трансакциите за 26 проценти

25.10.2019 14:21

Расте обемот на електронска трговија и на бројот на трансакции на македонските граѓани преку интернет.

Само во првото полугодие нивниот вкупен износ надминал 84 милиони евра, што е за четвртина повеќе во однос на истиот период лани .

Нина Ангеловска-министер за финансии

,,Во 2011 имавме 930 илјади евра обрт преку интернет и преку персонален компјутер,а во 2018 имавме 134 милини евра.Добро е што имаме солиден раст од околу 30% во последниве неколку години ,но има огромен потенцијал за уште позабрзан раст .“

 

Ѓоко Танасоски-директор на Царинска управа

,,На крајот на годината почнуваме проект со Царината на Јужна Кореја,финансиран од нив и од Светската царинска организацијашто ќе ни овозможи да имаме податоци  за сите пратки  во е-трговијата што доаѓаат  преку поштите.“

Над 100  ИТ фирми  развиваат нови технологии  и се занимаваат со креирање маркетинг  алатки што се користат во е-трговијата,велат од Фондот за иновации и технолошки развој  и во моментов  се поддржуваат проекти вредни 17 милиони евра.

 

Јован Деспотовски –директор на Фонд за иновации и технолошки развој

,,Фирмите годишно растат во просек по основ на приходи  со 50%,во однос на периодот пред да  ја реализираат инврестицијата, и со 60% во однос на добивката  пред да ја реализираат инвестицијата.“

Државата најавува модерницзирање на дигиталната инфраструктура во земјава што ќе овозможи простор за непречен развој и раст на е-трговијата.

 

Дамјан Манчевски-министер за информатичко општество

,,Веќе од наредната година да најавам еден масовен проект од 30 милиони еврасо поддршка на Светска банка во изградба на  оптичка инфраструктура во сите делови на земјава каде што има недоволно добар широкопојасен интернет. “

На втората конференција ,,Бизнис раст на е-трговијата“ огранизиран од ,,Асоцијацијата за е-трговија“ учествуваат над 450 експерти за е-трговија ,банки,факултети ,компании од регионот и од ЕУ.

 

Свето Николовски