БЕЛА КУЌА
Белата куќа ја откажува претплатата за Њујорк тајмс и Вашингтон пост
25.10.2019 14:25
По оценката на американскиот претседател Доналд Трамп дека Њујорк тајмс и Вашингтон пост не се чесни, Белата куќа веќе нема да се претплатува на овие два влијателни американски весници.

Белата куќа ги откажала и истовремено ги повикала сите сојузни служби да ја откажат претплатата на овие два дневни весника. Порпаролката на Белата куќа Стефани Гришам изјавила дека дека со откажувањето на претплатата ќе имаат значајна заштеда од стотина илјади долари.
С.С.
