ИЗЛОЖБА

Музеј на град Скопје

25.10.2019 14:54

Изложбата ,,Една слика за темната страна на римската историја, Скупи – гробница за масовно погребување” ќе гостува во Подгорица

Музеј на град Скопје во периодот од 28. Октомври  до 23.ноември  ќе гостува во  Музеи и галерии на Подгорица – Црна Гора со изложбата: ,,Една слика за темната страна на римската историја, Скупи – гробница за масовно погребување / архео-антрополошка и форензичко-антополошка презентација”

На изложбата ќе бидат презентирани резултатите од истражувањата на едно исклучително и несекојдневно откритие од Југоисточната некропола на римската колонија Скупи. Станува збор за масовна гробница во која биле погребани околу двеста возрасни мажи, некогашни храбри војници, припадници на непобедивата римска воена камарила, од кои повеќето биле насилно усмртени, најчесто со обезглавување/декапитација на жртвите. Изложбата на некој начин претставува пионерски потфат како во однос на мултидисциплинарниот пристап поради паралелната примена на археологијата, физичката и форензичката антропологија, така и поради мултимедијалниот начин на презентација со примена на повеќе класични и современи уметнички дисциплини