УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

Трчај со радост

28.10.2019 09:22

Работилница со учениците од 6 и 7 одделение под наслов Правата на децата -Приказната за Сива девојчето на коешто му беше одземено правото на слобода, сон, храна, образование.

По повод приемот  на децата, првачиња, во детската организација ООУ ,,Св Кирил и Методиј“ - Бучин општина Крушево  реализира активности со меѓуетнички интегрирани содржини.

Се реализира трка со учениците од 5 до 9 одделение под менторство на наставникот Спирче Јанкоски. Мотото на трката беше ,,Трчај со радост“. Во активноста беа вклучени учениците од петто одделение од Бучин, Пресил, Св. Митрани. Учениците трчаа два километра. Активноста се реализира и со поддршка од Секторот за внатрешни работи од Крушево што со полициска кола го  обезбедуваше теренот за учениците.

Во рамките на тековните проектни активности на тема Меѓуетничка интеграција во образованието учениците од прво до петто одделение од Бучин, Пресил и Свето Митрани каде што наставата се изведува на Македонски и на Албански наставен јазик под менторство на своите наставници Драган Јанкоски, Славица Николоска, Ведат Зеќири, Ана Пачешкоска, Николче Николоски, Гордана Р. Тунеска, Зана Јанкоска реализираа работилница на која учениците во мешан етнички состав испишаа пораки за мир, соживот, толеранција, другарство, љубов. Пораките ги залепија на хамер испишани на двата јазика, Македонски и Албански.

Во рамките на одбележувањето на Неделата на детето стручниот соработник Анета Диманоска реализира работилница со учениците од 6 и 7 одделение под наслов Правата на децата -Приказната за Сива девојчето на коешто му беше одземено правото на слобода, сон, храна, образование. Се поттикнуваа децата на дискусија за тоа какви се правата на децата. Колку дадените сликички ги потсетија на содржините во приказната? Како се чувствуваа? Што помислија додека се читаше приказната? Што се случува со децата што се принудени да работат? Како влијае тоа на нивните човекови права ?

 

Подготви

Радмила Гиевска