АХВ

Завршува вакцинирањето за болеста „Јазлеста кожа“

28.10.2019 10:25

Помина опасноста од добиточната болест јазлеста кожа. Светската организација за заштита на животните им препорача на земјите од Југоисточна Европа следната година да престанат со вакцинација за ова заболување. Истата препорака важи и за беснилото кај дивечот.

Од 2020 година, државите од Југоисточна Европа да престанат со вакцинација против болеста јазлеста кожа, со исклучок на оние кај кои постои непосреден ризик од нејзино пренесување од соседните земји, каде што е потврдено нејзиното присуство.

Почнувајќи од идната година овие земји, најмалку во наредните две години да спроведат пасивен и активен надзор преку вршење на клинички испитувања, земање на мостри и лабораториски тестирања.

Оие препораките на Светската организација за здравствена заштита на животните се однесуваат и на болеста беснило, за која исто така беше донесена препорака од 2020 година, во земјите од ЈИЕ да се престане и со вакцинација на лисиците, а останува задолжието  секоја земја да воспостави пасивен и активен надзор на болеста.

Се прекинува и со вакцинацијата на свињите за болеста класична свинска чума, како дел од превентивни активности, кои се презедоа во изминативе две години.