Виолончелистот Николас Алшед ќе го свири „Чудесниот Мандарин“ од Барток
Германскиот виолончелист Николас Алштед, еден од најбараните инструменталисти на светската музичка сцена на 31 октомври ќе одржи концерт со Македонската Филхармонија. .

На програмата е Концертот за виолончело и оркестар од Мјачеслав Вајнберг и „Чудесниот Мандарин“ од Барток, едно од највпечатливите дела во светската историја на музиката..Николас Алштед е еден од најбараните инструменталисти на светската музичка сцена. Настапува како солист и диригент, а неговиот репертоар е широк и опфаќа дела од сите музички епохи. Свирел со врвни светски оркестари и соработувал со диригенти како Ека Пека Салонен, сер Невил Маринер, Владимир Ашкенази, Густаво Дудамел... Алштед е исклучителен виолончелист кој има индивидуален и препознатлив начин на изведба, а пред македонската публика ќе се претстави со Концертот за виолончело и оркестар од Вајнберг, антиформалистичко дело кое било затворено во фиоката на композиторот до смртта на Сталин. Во последните години, Алштед често работи и настапува како диригент поради желбата дека не сакам да живее живот на музичар без да има искуство со проучувањето на делата од симфониската, хорската или камерната музика.Музиката на Мјачеслав Вајнберг, полски композитор кој емиригирал во Русија е едно од најдобро скриените богатства во музиката на 20 век. Често бил во сенка на неговиот близок пријател Дмитри Шостакович, а неговиот опус полека почнал да се открива во доцниот 20 век. Неговата музика е микс од традиционални и современи форми во кои доминира индивидуалниот музички јазик со уникатно чувство колорит. „Чудесниот Мандарин“ од Бела Барток е фантастичко музичко дело напишано за истиомениот пантомима балет. Станува збор за дело чија прва изведба во Келн во 1926 година била проследена со низа контроверзии и цензура, главно поради „прекршените“ морални кодекси. Делото е прилично неконвенционално - има поинаков призвук од стандардниот, атмосфера на „конкретна џунга“. Со оркестарот ќе диригира Ален Бурибајев од Казахстан.
