Општина Кисела Вода, почнувајќи од вторник, повторно ќе спроведе акција за собирање на кабаст отпад
Локалните власти ги замолуваат граѓаните отпадот да го одложувате во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, така што, нема да се попречува движењето на пешаците и возилата.

Акцијата ќе се спроведе поодделно по урбани и месни заедници според следната динамика: вторник од 7 до 11 часот, во урбаните заедници: „Кисела Вода“, „Расадник“ и во месната заедница „Припор“, во четврток од 7 до 11 часот, во урбаните заедници: „Цветан Димов“ и „Бирарија“.
На 5-ти ноември, исто така од 7 до 11 часот, во урбаните заедници: „Црниче“ и „Пржино“, на 7-ми ноември, од 7 до 11 часот, во урбаните заедници „11 Октомври-згради“ и „11 Октомври-бараки“, на 12-ти ноември од 7 до 11 часот во месните заедници: „Пинтија“, „Усје“ и „Стаклара-каменик“ и на 14-ти ноември, од 7 до 11 часот во урбаната заедница „Бобан Трпков“, во населбата Драчево и во месните заедници „Село Драчево“ и „Подстаница“.
Проблеми поврзани со собирање кабаст отпад и расчистување диви депонии - 072/272819.
Дежурниот телефон на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, 3216 644, исто така останува во функција, од понеделник до сабота, во терминот од 08 до 20 часот.
Елизабета Кузмановска
