Во трговијата со дрога во Црна Гора се вмешани 15 кланови
Во меѓународното криумчарење на дрога во Црна Гора се вмешани 15 криминални кланови, а забележена е и зголемена активност на црногорските криминалци во странство, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за спречување на трговијата со наркотици во светот.
Во документот било прецизирано дека 15 проценти од вкупната количина на наркотици кои се шверцуваат преку Црна Гора остануваат на локалниот пазар поради консумирање, пренесува црногорскиот весник Дан.

Во извештајот исто така стои дека е забележена и зголемена активност на црногорските криминалци во организираните криминални структури во странство.
Според извештајот, Црна Гора претставува транзитна земја за влез на наркотиците во Западна Европа, а најраспространетите видови на наркотици кои се криумчарат преку оваа земја се марихуаната произведена во Албанија, хероинот од Авганистан и кокаинот од Латинска Америка.