РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА
Бензините поскапуваат, дизелот со стара цена
28.10.2019 13:34
Цените на еуросупер БС- 95 и еуросупер БС- 98 се зголемуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат со непроменети цени, соопшти регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ еуросупер БС- 95 ќе се продава по цена од 67 денари за литар, а еуросупер БС- 98 по цена од 69 ден/лит.
Цената на мазутот се намалува за 0,122 ден/кг и ќе се продава по цена од 32,832 ден.
Зголемувањето на бензините се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светските пазари во изминатите седум дена,појаснува регулаторната комисија.
