ФИЛМ

Европски филм за млада публика во пет градови

28.10.2019 12:27

Здружението на филмски продуценти на Македонија од денеска па до 15 ноември го организира проектот „Европски филм за млада публика“ во рамките на кој ќе бидат прикажани три европски филмови во пет градови во земјава.

Првата проекција е  во  центар отза култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, ќе биде прикажан филмот „Други девојки“ .  Исто така, на 31 октомври во Неготино ќе биде прикажан и тинејџерскиот трилер „Враќањето на Хана“ во режија на Естер Бијалас. Истиот ден во рамките на проектот во центарот за култура „Антон Панов“  во  Струмица ќе бидат прикажани филмовите „Други девојки“, „Враќањето на Хана“, како и германскиот филм „Тегла полна живот”. Проекциите ќе  продолжат т и во дом на култура  „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци и домот на култура  „Македонија“ во Гевгелија. Проектот ,,Европски филм за млада публика” има за цел да и претстави на младата публика филмови кои се различни од холивудските и да ги запознаесо културните вредности  на  европските земји, но и да им ја доближи  европската кинематографија. Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“.