Стоп за Српските министри за посета на Косово

04.03.2014 12:15

Овој пат не се работи само за обична забрана министрите на српската влада да го посетат српскиот народ на Косово, туку за оневозможување на државата Србија да им помогне на најдобрите српски студенти...

Приштинските власти им забраниле на српските министри Александар Вулин и Вања Удовичиќ да го посетат Косово, соопштила српската Канцеларија за Косово и Метохија (КиМ).

„Овој пат не се работи само за обична забрана министрите на српската влада да го посетат српскиот народ на Косово, туку за оневозможување на државата Србија да им помогне на најдобрите српски студенти во покраината, кои сакаат да го усовршат своето знаење и талент”, се наведува во соопштението.

Канцеларијата за КиМ ги повикала надлежните и меѓународната заедница на реакција и да не и дозволат на Приштина „студентите да ги дискриминира по национална основа, со што на српските студенти на Приштинскиот универзитет со привремено седиште во Косовска Митровица, ќе им се загрози основното цивилизациско право на школување и образование”.

Министерот задолжен за Косово, Александар Вулин и министерот за спорт и младина Вања Удовичиќ денеска требаше во Косовска Митровица да ги врачат стипендиите на Фондот за млади таленти, на најдобрите студенти во завршната година на академските студии на Приштинскиот универзитет.