СТРИП ИЗЛОЖБА

Меѓународната стрип колонија со изложба во Ко-Ра

29.10.2019 09:32

Во големиот салон на Галерија „Ко-Ра“ на 30 октомври ќе биде отворена изложбата посветена на стрипот. Ќе бидат изложени делата од учесниците на годинашната „Меѓународна стрип колонија“ која се одржа од 21-25 август во Велес со учество на 16 автори од повеќе земји.

Поради недостиг од финансиски средства оваа година нема да биде врачена првата награда „Гран при“ . 

Втората награда ја споделуваат: Кирси Салонен  од Финска, за стрипот  „High Magic “ и коавторите , Џеф Дејер и Владимир Кузманов од САД за стрипот „ REDDO“.

 Третото место е за Андромеда Дасра од Албанија за стрипот „SNAKE TRUE LOVE FOR EVER“ и Навид Булбулија од Босна и Херцеговина за стрипот „Vanila Blackhole“ и  Исмет Ердиќ за стрипот „ KARIJANG“

На  отворањето на изложбата во Скопје ќе бидат врачени и наградите за најдобрите остварувања. 

Освен пристигнатите дела по распишаниот конкурс, пристигнати од цел свет, на  овој стрип  салон ќе бидат изложени дела -стрипови  изработени и од млади стрип автори, учесници на годинашнава „Стрип колонија“ Велес 2019..