НУРКАЧКИ КЛУБ
Нуркачки клуб „Амфора“
29.10.2019 09:34
Големо езеро Пелистер

Нуркачи од Охридксиот нуркачи клуб „Амфора“ , викендов нуркаа во Големото езеро на Пелистер (Пелистерски очи) кое спаѓа во леднични езера. Во најголем водостој долго е 233 метри, широко 196 метри, а најголемата длабочина изнесува 14.5 метри.
Иако видливоста беше ограничена поради планктон, под вода можат да се забележат воени ашовчиња, гранати, рачни бомби, цевки од пушки и пастрмки кои преживуваат и во најекстремни услови кога езерото замрзнува. За ова нуркање потребен бил специфичен профил кој го изработил искусниот нуркач Јован Секуловски SSI AI Trainer.
Во организација на Планинарскиот дом „ Димитар Илиевски-Мурат“ и Националниот парк Пелистер експедицијата се реализираше успешно.
Анита Никушева - Јованчев
