УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

Размена на воспитувачи

29.10.2019 09:37

Тркалезна маса на тема „Воспитанието кај децата од предучилишна возраст како одговор на предизвиците на современото време“

Во  октомври, вработените во детската градинка ОЈУДГ „Астибо“ од Штип , беа домаќини на активноста - размена на воспитувачи,  во којашто учествуваа вработени во детски градинки, членови на БАПТА - (Balkans Alliance of Preschool Teacher's Associations) -  балкански сојуз на здруженија на воспитувачи.

Директорката Билјана Трајчевска изјави:   Оваа манифестација за првпат се организира во детската градинка „Астибо“ и со гордост можеме да кажеме дека бевме домаќини на дванаесет воспитувачки од Словенија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Србија и од Црна Гора со кои разменивме искуства, знаења и  стекнавме нови пријатели .

Во рамките на реализацијата на активностите во соработка со универзитетот„Гоце Делчев - Факултет за   Образовни науки, беше организирана едукативна работилница за сите воспитувачи, гости и вработени, со проф. Билјана Попеска на тема „ Активно користење  пауза - BRAIN BRAKE “.

На последниот ден од престојот на воспитувачките во детската градинка „Астибо“ , беше организирана тркалезна маса на тема „ВОСПИТАНИЕТО КАЈ  ДЕЦАТА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ КАКО ОДГОВОР НА ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА СОВРЕМЕНОСТА“ на која свое учество зедоа претставници од УО на БАПТА , директорите од предучилиштните установи членови на БАПТА,  претставници од ЛС на град Штип, деканот и професори од универзитетот„Гоце Делчев - Факултет за   Образовни науки, каде што како заклучок произлезе потребата за почести средби , меѓусебно информирање со цел подигање на професионалните компетенции на воспитувачите и на сите вработени во детските градинки коишто ја вршат најодговорната и најблагородна професија.

Освен престојот и посетата на објектите , на гостите им беа претставени знаменитостите и убавините на градот Штип.

Подготви

Радмила Гиевска