ИЗМЕНИ

Продажба на домашна ракија

29.10.2019 10:39

Измените на законот за акцизи овозможуваат низа поволности за домашните производителите на ракија кои сакаат да ја продаваат на пазар.

Од 1-ви јануари в година ќе бидат ослободени од плаќање акциза доколку произведуваат до 2 500 литри годишно.

Министерството за земјоделство подготвува мерки за развој на лозарството во делот на производството на домашна ракија.

Новините ќе стапат на сила од 1-ви јануари 2020 година со почетокот на примената на измените на Законот за акцизи со кои сеовозможуваат поволности за домашните производителите.

Во иднина оние што ги исполнуваат условите, и освен за домашна потреба, што ќе сакаат професионално да се зафатат со овој бизнис и да работат комерцијално, максимално дозволената количина на годишно производство ќе биде 2.500 литри жесток алкохолен пијалак со просечна јачина од 45 проценти.

Производителите на ракија првата година од примена на законот, ќе бидат целосно ослободени од плаќање на акциза.

Втората година, 2021 година, акцизата ќе биде 10 денари, третата 20 и во 2023 година 30 денари за литар.

 Со новото законско решение, целта е да им се овозможи на малите производители легално да ја произведуваат и продаваат својата ракија и да развијат сопствен бренд од традиционалналниот домашен начин на производството.

Истовремено, со законски измени, намерата е да се создадат и услови со кои би се помогнал и поттикнал развојот на руралниот и на винскиот туризам во земјава, и да се влијае на намалување на сивата економија.