КРАВЈО МЛЕКО

Колку е штетно или корисно кравјото млеко

29.10.2019 14:45

Се уште многу луѓе живеат во заблуда дека кравјото млеко е многу здраво и корисно, висококвалитетна храна која содржи многу протеини и калциум.

Меѓутоа, последниве години  резuлтатите на голем број научни истражувања  покажале дека од конзумирање на кравјото млеко има повеќе штета отколку корист.

 Заради вишокот на фосфор и казеин-протеин во кравјото млеко, човечкиот организам лошо го апсорбира калциумот, а не може ниту целосно да го преработи ниту казеинот, што доведува до негово трулење во цревата. Токсините кои се создаваат во текот на трулењето предизвикуваат киселост на организмот. Честата употреба на кравјо млеко, особено пастеризираното, пречи и за апсорпција на железото  и предизвикува формирање на лигавица или слуз во организмот, што пак е причина за создавање на габички. Непријатните последици на тоа се алергии, чести настинки, кивавица, анемија и астма. Истражувањата покажале дека постои поврзаност меѓу количинската и честа конзумација на кравјо млеко и некои сериозни заболувања како на пример дијабет и  остеопороза, затоа што млекото го повлекува  калциумот од коските , наместо да го додава, како што се сметаше со децении. Се зголемува и ризикот од атеросклероза и од  циста на јајници. Научникот Колин Кемпбел ја поврзува употребата на кравјо млеко и негови производи со ризик за канцер поради казеинотпоради закиселувањето на организмот. Кравјото млеко, бидејќи е веќе индустриски преработено и наменски создавано од  добиток кој се  храни со растенија полни со пестициди, хемикалии и лекови кои се даваат на животните како антибиотици и хормони, лоши услови за одгледување на стоката, па и процесот на пастеризација млекото, го чинат повеќе отров отколку здрава храна. И јогуртот веќе не е толку корисен иако спаѓа во пробиотиците кои ја заштитуваат цревната флора. Вака индустриски преработен има мала доза пробиотици, но станува порција тешка за варење, често со многу додатоци како шеќери, конзерванси и вештачки адитиви. Сепак органското природно кисело млеко има подобри нутритивни вредности од овие индустриски производи кои траат со недели.  Затоа е препорачливо козјото млеко и млечни производи кои не содржат казеин  и  полесни се за варење. Козјото млеко е најблиску до мајчиното млеко. Исто така треба да се користи козјата сурутка која не содржи маснотии.

Научниците направиле скала по хиерархија кои производи се на врвот на пирамидата. Таму е козјото млеко, подолу е овчото млеко, а кравјото е најдолу. Пастеризираното млеко ги губи ензимите. Затоа оваа храна е тешко сварлива во организмот.  Јогуртот и кефирот од сурово козјо или  овчо млеко се на врвот на пирамидата и се покорисни  отколку истиот производ од кравјо млеко. Кашкавалот и остататите тврди и чадени сирења како и меките топени сирења се најдолу на  скалата со најмалку корисни и најмногу штетни состојки и најтешко сварливи протеини во човечкиот организам.  Павлаката, путерот и кајмакот   им припаѓаат на мастите  и организмот ги вари полесно. Но важен е изборот, нека  бидат производи со покус рок на траење, што значи поприродни и поквалитетни.  Затоа внимателно со употребата на млечните производи, особено е важно да се внимава што конзумираат  најчесто децата. Ако веќе не можете да се откажете од нив важно е да ги комбинирате со суров или барен зеленчук.  Не е добро сирењата да се комбинираат со житарки и скроб, со овошје и  со јаткасти плодови. Многумина веќе користат бадемово и кокосово млеко кое има корисни нутритивни својства.

Соња Стојановска