УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

Донаторска акција

30.10.2019 09:35

Спроведување хуманитарни акции за донација на училиштен прибор и храна за ранливите категории ученици

Во септември  и во октомври , тимот на црвениот крст на училиштето Дане Крапчев општина гази Баба, поттикна и реализира неколку хуманитарни акции.

Учениците од црвениот крст своите хуманитарни акции ги започнаа со спроведување  донаторска акција на училиштен прибор што го собираа, а потоа го распределија на  ранливите категории ученици.

Во октомври во рамките на одбележувањето на неделата на гладта  , се спроведе хуманитарна акција за донација на храна во училиштето.

 Во акцијата се вклучија  ученици, родители и претставници од  детската  градинка      “25 мај”. Најмалдите од градинката  го посетија училиштето и ги доставија своите донации . Донациите, во храна, ќе бидат распределени на  ранливите категории ученици.

Во рамките на неделата на гладта  подмладокот на црвениот крст ги поддржаа и активностите на општинската организација на црвениот крст со продажба на бонови на локалното население. Собраните средства ќе ѝ бидат врачени на организацијата црвен крст која ќе ги намени за обезбедување храна и помош на ранливи целни групи на население во заедниците во земјава.

Ученици од училиштето Дане Крапчев се вклучија и во хуманитарниот ликовен конкурс  на субјект од банкарскиот сектор , ги донираа своите ликовни творби за коишто ќе добијат парични средства кои, пак, ќе ѝ бидат донирани на  Детската Клиника

Целите на сите активности беа реализирани (постигнати), а тоа се  негување и промоција на хуманите вредности

Благодарност до сите кои се вклучија во акциите и ја покажаа хуманоста на дело!