ДЖАВЕН СЕКРЕТАР

Метју Палмер во посета на земјава

29.10.2019 17:56

Посета на Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан Метју Палмер

Специјалниот претставник на джавниот секретар за Западен Балкан Метју Палмер во прва посета по неодамнешната ратификација на Протоколот за НАТО од страна на американскиот Сенат. Палмер со порака во Скопје за зацврстување на американската поддршка за евроатланската интеграција на земјава. На средбите со државниот врв тема била и недобивањето почеток на преговори со ЕУ, за што Вашингтон изрази разочараност и предупреди дека се поткопува важноста на Преспанскиот договор.

Изјава Метју Палмер-Специјален претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан

„Доаѓам непосредно по одобрувањето на американскиот Сенат за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Ова е важно време да бидам тука по посетата на државниот секретар Помпео. Доаѓам да ја потврдам и зацврстам силната американска поддршка за европскиот пат и европската перспектива на Северна Македонија.“

Не треба да западнеме во замка како во 2008-та по недобивањето на преговори и треба да работиме на остранување на последната пречка за почеток на пристапните преговори законот за јавното обвинителство и статусот на СЈО, оценува министерот за надворешни Димитров по средбата со американскиот дипломат. Палмер имаше средби со министерката за одбрана Шеќеринска и со Претседателот Пендаровски, а за време на неколкудневната посета ќе се сретне и со премиерот Заев и претставници на партиите, со порака дека реформите треба да продолжат на патот на интеграција во НАТО и ЕУ.

 

Стенд ап Ирина Гелевска

„Специјалниот претставник за Западен Балкан Метју Палмер беше во последна посета на земјава пред една година.“