РОДИТЕЛСТВО

Учење со детето

30.10.2019 09:51

Не сте виновни доколку не учите со вашето дете секој ден.

Постојат мајки кои на своите тинејџери им даваат постојана поддршка во учењето, во пишувањето домашни, во испрашувањето и во потсетувањето дека треба да учат. Тоа се грижливи мајки и одговорни жени посветени на семејството. Тие сакаат нивното дете да биде добар ученик и спремни се секојдневно да одвојат време, за да работат и да учат со своето дете. Не е тешко да се заклучи дека нивната намера не е за осудување и за наметнување вина. Никогаш не е доцна да се смени оваа позоција.

 

Првиот чекор е одговорот на прашањата: Од што се плашам? Се сомневам во способностите на своето дете? Ги прифаќам тешко способностите на своето дете? Ми недостасува авторитет? Сакам ли да ја играм улогата на пожртвувана мајка? Имам проблем да ја препуштам контролата? Ова е почетниот начин да го  осветлите  својот  негативен образец кој ве водел по патот кој не бил корисен ниту за вас ниту за вашиот тинејџер. Сменете го начинот на кој го гледате својот адолесцент. Многу е важно да престанете за него да зборувате и да мислите како за мрзеливо дете, немотивирано, неспособно, неактивно и незаинтересирано. Едноставно, верувајте во своето дете кое треба да се навикне на новата ситуација во која се нашло. Сепак немојте од себе да очекувате дека своите ставови кои толку долго сте ги ,,негувале и поливале  со негативна вода” ќе ги смените за една секунда. Ова бара труд, истрајност и дисциплина, но резултатите можат да бидат изненадувачки. Постојат и техники кои треба да се знаат кога станува збор за тактизирањето со детето. Тоа значи дека треба да  знаете што се можете да очекувате од детето, ,,форите” кои ги користат за да се вратите  кон поранешното однесување. Децата оваа манипулација не ја изведуваат свесно, плански, но ја изведуваат мајсторски. Затоа треба да бидете велемајстор!  Не се чувствувајте лошо ако очекувате од сопственото дете да учи и нема да бидете како оние родители кои ги форсираат сопстевните деца за да ги излечат своите комплекси. Одлично е од детето да очекувате резултат. Тоа е важен дел од родителската работа. Многумина возрасни се жалат дека им е криво тоа што нивните родители од нив ништо не очекувале. Тоа го доживуваат како тие да не се грижеле доволно за нив,  дека како деца не биле доволно стимулирани, поттикнувани на работа и на успех. И ова е точно, но поентата е да не се претера. Сосема е логично да имате желба за успех на своето дете, но само водете сметка целите да не ги поставувате многу превисоко на она поле на кое детето на тие барање не може да одговори. Усогласете се со она што се природни таленти и способности на  вашето дете и тогаш поттикнувајте го. Ако тоа не е случај со математиката, научете да ги прифатите четворките или тројките, но ако му одат јазиците, на тоа поле немојте да го галите. Бидете задоволни само со петка. И уште една важна напомена, постојат деца кои немаат талент ниту за еден од училишните предмети, но го имаат во некое друго подрачје и поради тоа се тука со нас. Не постојат деца кои се раѓаат како несамостојни за учење. Тоа може да биде одличен изговор, но треба да се знае дека не е вистина. Самостојноста не е наследна особина, но факт е дека децата многу  се разликуваат меѓу себе. Проблемот е , дали родителите се подготвени да го прифатат нивото на постигнување на детето со послаби способности? Тоа е најчесто многу тешко, па затоа повеќето родители, носат одлука посилно да работат со ,,помалку способното дете” за да постигне некакви резултати. Но, за жал,  тоа често резултира со отпор кој вака третираното дете почнува да го дава после некое време. Исто така постојат деца со самодоверба но и оние другите, кои за себе и за своите резултати секогаш мислат лошо. Овие деца имаат постојана потреба за родителска поддршка. Но не треба ова да се поистоветува со несамостојноста. На овие деца им е потребна поддршка во смисол за развој на самодовербата. Сепак треба да се нагласи дека ова  се вообичаени дилеми  и проблеми на родителите на деца кои се развиваат со вообичаено темпо.