Премиерот на Естонија поднесе оставка
Аншип, кој веќе трет пати ја добиваше довербата за мандат на оваа функција, минатиот месец најави дека ќе си поднесе оставка заедно со членовите на кабинетот

Естонскиот премиер, Андрус Аншип, поднесе оставка од функцијата со цел да му овозможи на својот наследник да ја води новата влада до изборите кои се најавени за следната година.
Аншип, кој веќе трет пати ја добиваше довербата за мандат на оваа функција, минатиот месец најави дека ќе си поднесе оставка заедно со членовите на кабинетот, а неговата Реформска партија го избрала Сим Калис, потпретседателот на Европската комисија, да формира нова коалиција доколку шефот на државата го избере за мандатар.
Портпаролот на претседателот, Томас Хендрик Илвес, ја потврдил оставката на Аншип.
Сега претседателот на државата е должен во рок од 14 дена официјално да именува кандидат за претседател на владата, кој потоа ќе именува членови на кабинетот.
Аншип ја водеше владата на Естонија од 2005 година.
