МОБИЛ ФЕСТИВАЛ 2019

Повик за пријавување филмови за

30.10.2019 12:04

Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил Фестивал“ објавува отворен повик за пријавување филмови за 10.издание, кое чија финална вечер со прогласување на победниците ќе се одржи на 6ти декември во Скопје во Кинотека на Македонија.

Право да се пријават имаат сите филмови кои се снимени со мобилен телефон кои не се подолги од 10 минути, а истите претходно не биле пријавени на претходните изданија на „Мобил Фестивал“. Во конкуренција влегуваат сите филмови кои ќе пристигнат до крајниот рок за пријавување - 20 ноември 2019 година. Филмовите можете да ги пријавите на следната адреса  [email protected].

Селектираните филмови ќе влезат во конкуренција за следните награди:

-Награда за најдобар филм „Ратка Илиевска- Лале“,

-Награда за најинвентивен филм

-Награда за најоригинална приказна

-Награда за најдобра идеја

-Награда за најдобар филм во домашната програма Млади Таленти

Најдобрите филмови ќе бидат прикажани во натпреварувачка програма на Интернационалните фестивали кои се во мрежата фестивали за филмови снимени со мобилен телефон, а се во партнерство со „Мобил Фестивал“.