Втора победа на Свитолина за полуфинале во Шенжен
Елена Свитолина обезбеди полуфинале на завршниот ВТА турнир во Шенжен откако ја совлада годинашната првенка на Вимблдон Симона Халеп со 7-5 и 6-3.

Украинката, која го освои пехарот на овој настан лани во Сингапур, во првото коло беше подобра од Плискова, па со две победи и со сет-количник 4-0, сигурно ќе игра меѓу четирите најдобри, без оглед како ќе заврши нејзината пресметка со Андреску во третото коло од виолетовата група. Канаѓанката Андреску денеска почна одлично, ги освои првите два гема против Плискова, но потоа се пожали на повреда, до крајот на првиот сет освои само уште еден гем за 6-3 за противничката, по што го предаде мечот. Оттука, прашање е дали воопшто ќе може да игра со Свитолина, но дури и да може, нема шанса за полуфинале. Во него ќе биде поуспешната од соочувањето меѓу Чехинката Плискова и Ромаката Халеп. Во црвената група, утре во второто коло, Бертенс ќе игра со Бенчиќ, а Барти ќе се сервира против Квитова.
