ШАХ
Победа за шахистите, пораз на шахистките
30.10.2019 19:42
Позитивниот ден за нас на Европското тимско првенство во шах во Батуми, Грузија.

Македонската машка репрезентација денеска ја совлада селекцијата на Словачка со 2,5 спрема 1,5. Панчевски освои цел поен со црни фигури, а ремизираа Георгиев, Недев и Николовски. За нас тоа беше втора победа на шампионатот, за симетричен ефект 2-2-2 по шест настапи и 21-во место на табелата во конкуренција на 40 репрезентации. Во утрешното седмо коло ќе играме со Шпанија.
Дамите, пак, се на дното иако денеска одиграа нерешено со Швајцарија 2-2. Победија Бејатовиќ и Коскоска со бели, а загубија Стојковска и Манова со црни фигури. Македонските шахистки имаат две нерешени и четири порази досега во пресрет на утрешното соочување со Финска.
