Нови мерки за развој на ловството
Во нашата земја има 256 ловишта и 65 концесионери. Ловството е бизнис кој има голем потенцијал и во кој се вложуваат сериозни инвестиции.

Сепак еден од големите проблеми за оние што стопанисуваат со ловиштата е што за продажба месото од дивеч се увезува наместо да се користи домашното.
Министерството за земјоделство подготвува нов Закон за ловство.
Целта е заштита на инвестициите на концесионерите во ловните региони и поголем развој на оваа стопанска гранка значајна за заштита на дивите животни и зачувувањето на природата средина.
Поради овие причини и Агенцијата за храна и ветеринарство изготви нов правилник со кој се овозможува под одредени услови месото од дивите животни да се пушта во промет што сега е еден од главните проблеми на концесионерите.
Според податоците секоја година се увезува скоро 60 тони месо од дивеч, а очекувањата се дека, со стапувањето во сила на новата регулатива, за два до три месеци концесионерите ќе може да ги подготват сопствените кланици, а домашниот пазар ќе може да се снабдува со месо од крупен и од ситен дивеч од нашите ловишта чија побарувачка отсекогаш е поголема од она што може да се најде и се нуди за продажба.
Во овој бизнис има голем потенцијал, порачуваат концесионерите, бидејќи како што велат, вложуваат сериозни инвестиции.
Услови постојат и според министерство, ќе се работи на нови мерки за поддршка на ловството и развој на ловниот туризам кој е важен за руралните и локалните економии.
Инаку во моментов во замјава постојат и се регистрирани 256 ловишта и 69 концесионери.
