САД

САД за поддршка на членство во НАТО и ЕУ

31.10.2019 14:29

САД се пријатели и партнери на Северна Македонија, посветени сме на евроатланската интеграција на земјата, што вклучува членство во НАТО и во Европската унија.

Очекуваме партнерство со властите во Скопје и со нашите европски сојузници за постигнување на оваа цел., истакна Специјалниот пратеник на државниот секретар за Западен Балкан Метју Палмер по средбата со премиерот Заев во македонската влада.

Изјава Метју Палмер-Специјален претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан

Повторно ја потврдив важноста што САД ја  даваат на односите со Северна Македонија, нашето задоволство од одлуката на американскиот Сенат да го одобри инструментот за ратификација на придружувањето кон НАТО. Очекуваме наскоро земјава да стане 30-та членка на Алијансата. Ја потврдивме поддршката од САД за евроинтеграцијата и европската перспектива на Северна Македонија. Нешто што јасно го посочивме овде во Скопје и ќе продолжиме да го посочуваме и на нашите европски партнери.“

На средбите со државниот врв било потврдено стратегиското партнерство меѓу двете земји за  демократски просперитет на регионот и заеднички акции за борба против тероризмот. Премиерот Заев на средбата со американскиот дипломат истакнал дека земјава останува посветена на евроинтеграцијата и дека во периодот што претстои ќе продолжат реформите, како и регионалната соработка . За време на тридневната посета на Специјалниот претставник за Западен Балкан, Скопје беше избрано седиште на регионалното советување на американските амбасадори од Југоисточна Европа за регионални прашања, за клучното значење на Преспанскиот договор за стабилноста и за поддршката за европската перспектива на Северна Македонија.

Стенд ап Ирина Гелевска

„Специјалниот претставник за Западен Балкан Метју Палмер најави дека наскоро повторно ќе дојде во посета на земјава.“