Украинско сценарио во Венецуела!?

04.03.2014 12:27

Најновите протести во Венецуела ги предизвика приведениот лидер на опозицијата Леополдо Лопез кој од затвор ги повика симпатизерите да демонстрираат против претседателот Николас Мадуро...

Полицијата во Венецуела употреби солзавец за да ги растера анти-владините демонстранти кои од вчера блокираат улици во Каракас и кои фрлаа камења врз полицијата.

Најновите протести во Венецуела ги предизвика приведениот лидер на опозицијата Леополдо Лопез кој од затвор ги повика симпатизерите да демонстрираат против претседателот Николас Мадуро.

Лопез кој беше уапсен на 18-ти Февруари, побара од највисоките официјални претставници, вклучувајќи го и министерот за внатрешни работи, да поднесат оставка поради употребата на сила што заврши фатално за најмалку 18 лица.

Ниту карневалот во Каракас не ги спречи демонстрантите да почнат  најнови протести. Тие подигнаа барикади од изгорено ѓубре.

Сепак, нема знаци дека немирите можат да ја соборат владата на Мадуро и да го присилат да поднесе оставка и покрај незадоволството од зголемената инфлација и неконтролираниот криминал. Пред неколку дена, наследникот на харизматичнот Чавез изјави дека „САД се обидуваат на недемократски начин да ја соборат законски избраната влада во Каракас“.

 

Данче Азманова