Германска подршка за македонска евроинтеграција
Разликата за името од Њујорк се префрла во Брисел
Средбата Меркел-Нимиц не значи дека има поместување на позициите на Македонија и Грција во процесот за името, оценува експертската јавност. Взаемно прифатливо решение за името не е можно ако двете страни не попуштат, вели Сашо Клековски.
Денко Малески пак ова го толкува како показател дека САД немаат намера до декември директно да се вмешаат во спорот, и под нивно влијание е издејствувана средбата во Берлин за да се види што би можела да стори Германија .
И Клековски и Малески се согласуваат дека името во ова констелација на политички и економски односи во Грција не е приоритет . Затоа прашање е колку сериозен преговарач би била Грција во моментот, но македонските политичари треба да го истражат тоа.
За разлика од воздржаноста на високата германска политика, членовите на Бундестагот години наназад отворено ја изразуваат својата поддршка за Македонија. Јирген Климке пратеник на Демохристијанската партија во Бундестагот, во изјава за Дојче Веле вели дека Германија би можела да модерира, да понуди цврсти опипливи предлози преку кои би можело да се дојде до решение прифатливо за сите“. Смета дека официјален Берлин досега не сакал да се вклучи во спорот со името, иако имало многу ситуации во кои можел да го искористи својот авторитет и да побара поголема солидарност од Атина во однос на проширувањето.
Лидија Чакар
