Синдром на немирни нозе
Синдромот на „немирни раце и нозе“ е појава што ја забележуваат голем број луѓе,а дел од нив нe придаваат доволно значење, сметајќи дека станува збор за случајност што ја доживуваат додека спијат.

Овој синдром се поврзува со стрес и нарушувања од емоционална природа. Често пати е поврзан со проблемите со спиење, со несоницата и дневната поспаност.Според најновите истражувања оваа појава е доста присутна кај луѓето,особено кај повозрасните, па лекарите посветуваат големо внимание на лекувањето на ова нарушување. Постојат и алтернативни начини на лекување, што се покажале како доста успешни и делотворни.
“Жените кои чувствуваат тресење на рацете и нозете почесто бараат решение за овој вид проблем,отколку мажите .Симптомите што се јавуваат кај луѓето се неудобност во стапалата, чувство на чешање, пецкање и горење на нозете, што влијае на квалитетот на сонот. Најчеста причина за ова е анемијата што со себе носи проблем на низок хемоглобин и железо, недостаток на кислород и хранливи материи до виталните органи и ткива.Други можни причини се недостаток на фолати, витамин Б-12 и магнезиум.Освен тресење на нозе и раце, симптоми се и замор и слаба енергија, проблеми со спиење, главоболка и зашеметеност, отежнато дишење, грчеви во нозе.
За тоа предлагам смеса од мед, семе од коприва и полен, со што доколку редовно и соодветно би се консумирала, значително би се подобрила општата состојба на организмот и би се ублажиле симптомите”- вели Зоран Никаљевиќ, пчелар и одличен познавач на природата
Овој синдром може да се намали и со едноставни методи на лекување, масажа, топла купка и користење на ароматизирани масла, како и умерени вежби наутро, веднаш по будењето.Ако сами не можете да си помогнате, посоветувајте се со вашиот матичен доктор.
Јасмина Никова
