Претставата „Еден месец на село“ го затвора Биеналето во Подгорица
Вечерва на сцената на Црногорско народно позориште во Подгорица, Македонскиот народен театар ќе ја изведе претставата „Еден месец на село“на рускиот автор Иван Сергеевич Тургењев, а во режија на Паоло Маџели.

„Еден месец на село“ ќе биде изведена пред црногорската публика во ревиjалниот дел, а во рамките на затворањето на Биеналето на црногорските театри 2019 и како дел од прославата за денот на Црногорскиот народен театар. Во овој проект кој премиерна изведба ја имаше на 29-ти септември минатата година игра веќе докажаната актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Сашка Димитровска, Дарја Ризова, Катерина Коцевска, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Ристановски, Стефан Спасов, Нино Леви, Сашко Коцев, Дамјан Цветановски и Ана Стојановска. Во процесот на претставата соработуваа уметници меѓу кои Катерина Коцевска, која го направи преводот и адаптацијата на текстот, Жељка Удовичиќ – драматург, Лоренцо Банчи – сценограф и Мануела Паладин – костимограф и композитор на музиката е Љупчо Константинов.
