ШТИП

Добитници на признание

01.11.2019 10:58

Познати се добитниците на највиското признание на градот Штип, што по повод Денот на ослободувањето 8-ми Ноември, што се доделува на личности и институции кои оставиле белег со своето работење.

Советниците на 25-та седница едногласно го прифатија предлогот на Комисијата за доделување на признанието „8-ми  Ноември“.

Добитници на признанието се Марија Максимова, професор по музичко во СМУ „Сергеј Михајлов“, Ристе Љуботенски сопственик на винаријата „Имако“,Викторија Димитрова-Јованова, новинар на МИА од Штип, СДУ „Сергеј Михајлов“ и пилотот Раде Ивановски.Признанијата ќе бидат доделени на 8-ми Ноември на свечена седница на Советот на Општина Штип.

Советниците  изгласаа и одлуки за доделување на финансиски средства за спортските клубови и за Солидарниот фонд, при што, беше презентиран и годишниот план за вработување на Општина Штип, а беше донесена и Одлука и за дополнување на програмата за располагање со државно градежно земјиште.