ОВЧАРСТВО

Дополнителни субвенции за јагнешкото

01.11.2019 10:36

Годинава велигденскиот извозен шпиц на јагнешкото им донесе разочарување на овчарите. Месото се откупуваше по 140 денари за килограм жива мера, а според сточарите производствената цена за прва класа ги чини до 180 денари. Поради ова е донесена нова мерка за дополнителна финансиска поддршка од по 400 денари за продадено јагне.

Владата донесе одлука за нова дополнителна субвенција за одгледувачите на овци.

Новата финансиска поддршка е за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет и е во висина од по 400 денари за животно.

Корисници на овие средства се земјоделските стопанства кои  веќе земаат субвенции за  одгледување на овци и кои имаат предадено јагне во регистрирани кланични капацитети во периодот од 1-ви јануари до 30 -ти јуни 2019 година.

Годинава извозните цени на јагнешкото за велигден ги разочараа овчарите. За прва класа јагниња трговците нудеа по 140 денари за килограм жива мера иако пресметките покажуваат дека производствената цена чини 182 денари за килограм.

Поради ниските откупни цени за да се намали загубата, сточарите оваа вонредна финансиска помош, бараа  да биде до 40 денари за килограм или помала, во зависност од постигнатата  цена за продаденото јагне.