Филмска програма за ноември
Ноемвриската програма нуди десет исклучителни филмови на славниот полски режисер Кшиштоф Кјешловски.

Од неговата рана полска фаза, кога го инкорпорира документаризмот во играниот филм, па сè до неговите последни три интернационални проекти , познатата трилогија ,,Три бои”. И сето тоа со еден супериорен филозофски став за животот и смртта од калотичка провениенција. Потсетувањето на двата долгометражни играни филма кои произлегоа од неговата ТВ серија ,, Декалог”,, Краток филм за убивањето” и ,,Краток филм за љубовта “. Ќе биде прикажан и филмот ,,Двојниот живот на Вероника”, филм што ја интернационализира неговата успешна кариера. Во годината кога се одбележува 25-годишнината од успехот на ,, Пред дождот” филмофилите ќе ја имаат можноста да ги видат неговите филмови ,,Прашина”, ,,Сенки ” и ,,Мајки” на 35 мм филмска лента, како и претпоследниот филм ,, Бикини Мун” снимен пред две години. Ноември во Кинотеката на Македонија ќе биде резервиран и за ретроспектива на фестивалот на дебитантски играни филмови од ,,Киненова 2019”, со проекциите на наградените филмови на годинешното издание. Мини-програмата ,, Германски гилмови по повод денот на обединувањето “ ќе биде претставена со три наслови: ,,Збогум Ленин” на Волфганг Бекер, ,,Небото над Берлин” на Вим Вендерс и горчливата комедија ,,Улицата Борнхолмер” на Кристијан Швохоу. Во програмата ,,Поглед во шпанската кинематографија”, од класичното дело на Фернандо Фернан Гомез, ќе биде прикажан филмот ,,Животот продолжува. За љубителите на арт-филмовите ,, Баухаусимагиниста” е генералниот наслов за изложбата на естетиката на уметничкото движење ,, Баухаус” како и три експериментални филмски наслови кои произлегле од него.
