ЈАНТАР

Ќилибар

01.11.2019 15:47

Ќилибарот ја симболизира сончевата енергија , буди животна радост, носи светлост и топлина, привлекува љубов, стимулира среќа и задоволство, се користи за среќа и заштита и како камен што чисти.

Ќилибар или јантар, со раскошни нијанси од восочно жолто до темно кафеаво, матиран или прозрачен, со векови служи како украс,како  амајлија или како енергетски потпомагач на жените и на децата. Ќилибарот не е минерал, ниту кристал, туку интересна фосилна структура од смола  и дрво,  стар неколку милиони години. Се смета дека е стар приближно 50 милиони години. Во камено доба служел како средство за плаќање. Гладијаторите го носеле во текот на борбите зашто сметале дека ќе ги заштити од повреди. Се верувало дека ги истерува злите сили и привлекува љубов. Жените го носеле за да забременат. Грчкиот назив му е електрон зашто лесно се наелектризирува кога се трие, а пак тие што го носат се празнат од електрицитетот. Во морињата постојат подземни рудници со ќилибар кој нуркачите се трудат да ги пронајдат. Најмногу го има во Доминиканската република, Полска , Литванија, Балтик, Италија, Шпанија и Мексико.  Велат дека најскап и најубав е мексиканскиот ретко црвен килибар кој исто така може да се најде и во беличести нијанси. . 

Прочуен по својата убавина е и балтичкиот ќилибар. За убавите и корисни својства се знаело одамна.

Талес уште околу 600 година пред новата ера ги открил магичните својства на ќилибарот. Герданите од ќилибар се некој вид кондензатор на струја, сами себе си се набиваат, апак оние што ги носат се ослободуваат од вишокот.
Ќилибарот плива на површина ако се најде во голема вода

Ќилибарот ја симболизира сончевата енергија , буди животна радост, носи светлост и топлина, привлекува љубов, стимулира среќа и задоволство, се користи за среќа и заштита и како камен што чисти. Ја зголемува силата во текот на рехабилитација и го забрзува закрепнувањето по болест.

Толкувањето што претставува ќилибарот од друг аспект е душевна нитка која што ја поврзува индивидуалната енергија со космичката , индивидуалната душа  со космичката душа. Бидејќи дрвото е суштество чии корени се спуштени длабоко во земјата а стеблото се протега кон небото во духовна смисла дрвото ги поврзува небото и земјата, така што ја трансформира сончевата енергија и со помош на минералното  царство, ја претвора во манифестирана енергија на плодот. Така животната струја на дрвото ја носи, ја трансформира и ја предава енергијата. Во таа смисла ќилибарот се смета за материјал кој ги уземјува  спиритуалните енергии во физичкото тело, додека тоа не се исполни со светлина. Можно е и дејствување во спротивна насока. 
Затоа се смета дека ќилибарот помага за намалување на депресијата и за отстранување на енергетските блокади.
Ќилибарот ја зголемува  креативноста, помага полесно да се прифатат промените и да се следат сопствените соништа. Тој е одличен за отстранување на самонаметнатите препреки. Помага за самодоверба и позитивен став кон себе. Симболизира и плодност. Од ќилибар се изработувале и многу украсни предмети, како чаши за чај, животни како жаби, зајаци и риби. Се смета дека ќилибарото бил првата супстанца која била користена во декаритивна сврха и се наоѓала во форма на талисман. Многу народи ќилибарото го сметаат за за камен со универзална животна снага, затоа што во основа внатре е заробениот живот. Овој нежен и префинет камен ја извлекува негативната енергија од телото, го прочистува духот и срцето, помага да се откријат древните мудрости и знаења, му овозможува на телото да се исцели така што ја  апсорбира негативната и претвора во позитивна енергија. Го стимулира интелектот и менталните способности. Го сметаа и за детоксификатор и заштитник од радијација, рентгенски зраци, ув зраци и телевизори, компјутери, телефони.Ги ублажува сите болки во пределот на соларниот плексус. Им се става и на малите деца за заштита и  поголем имунитет. Ќилибарот има уште многу други својства и затоа многу се користел за разлика од сега кога се присутни емитации  на разни парчиња накит без никаква енергетска вредност.

Соња Стојановска