УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

Отворен ден по граѓанско образование

04.11.2019 09:38

Во проектот беа вклучени учениците од деветто одделение кои во нивните говори опфатија теми од актуелниот општествен и социјален живот.

Во училиштето Рајко Жинзифов Драчево,  прв пат оваа година се одржа Отворениот ден по граѓанско образование што беше посветен на ораторството како вештина, како убаво говорење.

Во проектот беа вклучени учениците од деветто одделение кои во нивните говори опфатија теми од актуелниот општествен и социјален живот. Преку нивните излагања имавме можност да се потсетиме на некои основни вредности како детските права, еднаквоста, правото на слободна мисла, инклузијата, но и да се замислиме околу некои горливи проблеми како насилството во училиштата односно булингот, дискриминацијата и бездржавјанството.

Говорници на настанот беа: Емељ Чико, Адела Елесковиќ, Горјана Јаковлеска, Јована Николовска, Михаела Петрова, Милена Илијевска, Јана Костадиновска, Ива Тасевска, Ајла Беровиќ, Јана Велкоска и Амра Ќосовиќ под раководство на наставничката по граѓанско образование Валентина Јанкоска. Нивните настапи беа одлични.

На настанот присуствуваа гости од Бирото за развој на образованието, претставници од општина Кисела Вода, родители, наставници и ученици од училиштето.

Успешноста на овој настан само уште еднаш докажа дека училиштето Рајко Жинзифов е богато со ученици кои воодушевуваат со својот талент и за кои се надеваме дека овој настан ќе биде само поттик да го развиваат својот талент и да прераснат во млади интелектуалци, одлични говорници и носители на прогресивна мисла со кои училиштето ќе се гордее.

На крајот на Отворениот ден уличишниот педагог Весна Рафеска им  додели благодарници на учениците-учесници  и истиот се заокружи со коктел каде што гостите имаа можност да разменат мислења за самиот настан.

 

Подготви

Радмила Гиевска