Каков бенефит имаме од лековитите печурки
Традицијата за лекување со печурки за различни заболувања е присутна со векови.

Најстарата позната печурка e ganoderma lucidum или реиши, а во Јапонија ја нарекуваат печурка на бесмртноста. Печурката грифола во древната Јапонија вредела исто колку и среброто, а во Египет, печурките му биле достапни само на племството.
Древните медицински традиции во цел свет ги препознале и хранливите вредности на печурките. Освен за медицински цели се користат и како состојки во многу традиционални јадења и чаеви. 5 децении на назад научниците активно се бават со истражувања за лековитоста на печурките. Посебен интерес покажале за ефикасност на печурките во лекувањето против вирусни и канцерогени заболувања.
Лековитите печурки содржат многу биолошки активни состојки како фитостерол, бетулинска киселина, бетулин, стотина видови полисахариди, бета глукан, меланин, сапонин, германум и ланостерол. Содржат и многу вредни нутритиенти за нашето тело како магнезиум, хром, железо, витамини од групата Б. Богати се и со витаминот Д-нутритиент кој според истражувањата игра важна улога во работата на имуниот систем за заштита од канцерогени клетки.
Бетулинската киселина заедно со бета-глуканот, ги врзува клетките на ракот за рецепторите и овозможува нивно препознавање и уништување.
Ги уништува белковините во клетките на ракот и така не можат да растат. Затоа од лековитите печурки се прават препарати и екстракти со изолирани корисни состојки за лекување. Овие печурки помагаат и во надминување на кардиоваскуларни заболувања . Така на пример Реиши печурката е познат лек за срце, против мозочни удари и висок крвен притисок. Бартон Голдберг, стручњак за алтернативна медицина, објавил студија во која пациентите со висок притисок само по 4 недели консумирање од реиши печурките по два пати дневно, успеале значително да го спуштат притисокот.
Истражувањата ја потврдиле успешноста на лекувањето против грипови и настинки. Позитивно делува и на вирусот за херпес , за ХИВ и за хепатитис. Лековитие печурки имаат таканаречено имуномодулаторно делување. Автоимуните заболувања се јавуваат поради неправилна реакција на имуниот систем кога ги напаѓа и ги уништува сопствените клетки наместо натрапниците во организмот. Затоа овие печурки многу помагаат кај автоимуните болести како алергии, лупус, дерматитис, псоријаза и артритис. Нивното дејство се зголемува со присутност на витамин Ц. Лековитите печурки помагаат уште и за памтење, концентрација, регулирање на шеќерот во крвта, го отстранува уморот, несоницата, слабоста, ја подобруваат регенерацијата на црниот дроб, лекуваат алергии, астма, ја подобруваат циркулацијата, лекуваат артритис и реума, ја подобруваат издржливоста и сексуалните функции и ги ублажуваат нуспојавите од хемотерапија.
Стотици видови печурки имаат лековито дејство но ќе споменеме само неколку.
Реиши или ganoderma lucidum е една од најценетите и најлековитие печурки која веќе 2000 години се користи во традиционалната кинеска медицина за сузбивање на разни болести . Затоа и била наречена печурка на бесмртноста. Има антибактериско, антивирусно и антивоспалително дејство. Го намалува и холестеролот и притисокот.
Маитаке или грифола.печурката е огромна и може да тежи до 20 килограми. Во Јапонија е речиси задолжителен додаток во исхраната. Во превод името и значи танцувачка печурка. Легендата вели дека името го добила по тоа што луѓето што ја пронашле играле од радост, зашто добивале сребро колку што тежела печурката.
Маитаке е успешна во борбата против тумори, при хемотерапија, го јакне имунитетот, за притисок, дијабет, хепатит. На пазарото најчесто ја има во форма на капсули, таблети и екстракти во прав.
Кордицепс милитарис позната уште како печурка гасеница е паразитска габа, која расте како натрапник на инсектите најчесто на молците,. Има антидепресивни и антитуморни својства. Поволно делува на црниот дроб и на бубрезите.
Шитаке печурката е најпозната на нашиот пазар, таа се јаде и е омилена во кулинарството, Богата е со протеини, јаглехидрати, влакна. Содржи повеќе аминокиселини од месото , изобилиува со А, Б, Ц и Д витамините, минерали како калциум, натриум, калиум, железо, цинк и фосфор. Ги има сите досега наброени својства за разни болести и ја сперчува и тромбозата.
Чага е паразитска печурка, која најчесто расте на брезите, Ја има во северните предели на Русија, Кореја, Северна Америка, и Канада. Таа е исклучителен антиоксиданс, со силно антивоспалително дејство, успешна во борбата против рак, псоријаза и најопасните вирусни заболувања.
Лавјата грива ги ублажува болестите на нервниот систем. Многу е специфична со бели реси и личи на грива , а позната е како врвен деликатес за јадење, и добра е за органите за варење, како и за сите други наброени заболувања.
Сепак алтернативното лекување со печурки нема да се случи со една употреба. Тоа е можно само ако се почитуваат правилата за соодветна примена и доволно долг период за да се покажат ефектите.
Соња Стојановска
