Планинска трка „Gratche trail run“
На падините на Осоговски планини, се одржа третиот натпревар во планинско трчање „Gratche trail run“ во кој учествуваа повеќе од 150 натпреварувачи.

Целта на трката беше да ги промовира убавините на браната Гратче и Осоговијата, како и да придонесе за развој на планинското трчање и спортот воопшто, односно да биде поттик за младите генерации да се занимаваат со спорт. Должината на патеката изнесуваше 13 километри, со вкупна висинска разлика од 660 метри, а учесниците трчаа низ прекрасните предели на браната Гратче, селата Горно и Долно Гратче, како и водопадите на Голема Река.
Дел од трката беа љубители на планината и трчањето од Кочани, Штип, Виница, Велес, Гевгелија и Скопје а организаторот Друштвото за спортови во планина МТБ „Исток" од Кочани за следната трка најавува подолга и проширена патека и зголемен број на учесници. Паралелно со трката, со маркирање на патеката се чистеше и околината на водопадите на Голема Река.
Анита Никушева - Јованчев
