На Сорос Кина му била најголем непријател
Сорос смета дека Кина е најголемтата закана за „Отворено општество“

Џорџ Сорос- милјардер, поранешен трговец со валути, филантроп, а за одредени кругови озлогласен и „баба рога“ се гордее со последната етикета и ја смета за почесна значка,пишува „Нујорк тајмс“ Тој изјавил дека е многу горд заради своите стекнати непријатели.
Пописот на луѓето кои Сорос го сметаат за непријател е голем, вклучувајќи го и Американскиот претседател Доналд Трамп, како и неговиот адвокат Рудолф Џулијани, Владата на Кина и многу теоритичари на завери. Нивните приговори за 89 годишниот Сорос произлегуваат од неговата поддршка за либералните политики, како и поради неговата фондација „Отворено општество“ финансирана од неговите милијарди која што поддржува демократија и човекови права во приближно 120 земји во светот, како спротивставување на автократските режими. Кина ја нарекол,,смртен непријател“ затоа што смета дека оваа земја е „најголема закана за отвореното општество“. Тој рекол дека кинеското општество е дијаметрално спротивно од американското. Според него САД би требало да извршат притисок на компании како на пример Хуавеј за да ја поттикнат Кина да се отвори-пишува Њујорк тајмс. Во спротивно, сугерирал Сорос, претседателот на Кина Си би ја затворил уште повеќе земјата за развој на нови технологии како вештачката интелигенција и така ќе ги уназадел генерациите.
С.С.
