Баухаусот пред македонската публика
Германската Амбасада и Гете Институтот,Скопје, ,на македонската публика ја претставуваат највлијателната образовна установа во областа на дизајнот-Баухаус,која годинава слави сто годишен јубилеј.

Ќе бидат претставени педесет фотографии од Берлинскиот фотограф Жан Молитор.Фотографиите ја прикажуваат архитектурата на Модерната,од сите нејзини различни аспекти.
Во проектот ,,баухаус 1,, Молитер има за цел да го документира влијанието на Баухаусот врз развојот на модерната архитектура. Молитер патува низ светот во потрага по наследници на баухаусот. На изложбата авторот ке го претстави својот проект.
Изложбата ќе биде отворена утре во 20 часот во Музејот на свремена уметност,а денеска во 19 часот во Кинотеката на Северна Македонија ќе биде претставена изложбата баухаус- имагиниста.
