РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

04.11.2019 13:36

Бензините од полноќ поскапуваат за половина и за еден денар, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за половина денар..

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени.. Литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 67,5 денари, а оној од 98-октани поскапува за денар и ќе се продава за 70.. Новата цена на дизелот изнесува 61,5 денари за литар, а на есктра лесното 50 денари.. Мазутот поскапува за 0,302 денари за килограм.. Во просек, малопродажните цени се зголемуваат за 0,26 проценти, како резултат на поскапувањето на суровата нафта на светските берзи и повисокиот курс на денарот во однос на доларот..